21 новозаболен од Ковид-19, најмногу во Скопје

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти во:  Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на ковид-19 пристигнал вчера.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Прочитајте и...  Закажана седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна:

•    Скопје – 493
    Куманово – 384
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –147
    Тетово – 76
    Струга – 66
    Велес – 69
    Битола –19
    Охрид –15
    Кавадарци – 5  
    Гостивар –17
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-5
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 28
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -7
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 2
    Делчево-1
    Валандово -1
    Виница – 2

Прочитајте и...  Канада ќе ја одобри вакцината од „Фајзер“ следниот месец

Направените 279 теста се преку: ИЈЗ –146, Ветеринарен ф-тет -20 , Авицена –25, Биотек –29, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода  -12  и МАНУ – 8.  Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се примени 8 нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5,а на респиратор вкупно 6 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 5, а на домашно лекување се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а уште 6 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на ковид-19.

Прочитајте и...  Дијаспора: Ламбе Шатровски е новиот генерален координатор на МД „Илинден" за Македонија

Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, денеска нема да одржи прес-конференција, но Службата за односи со јавност е отворена за сите новинарски прашања, кои истите ќе бидат одговорени во најкраток можен рок.

Поврзани вести

Ковид кризата ги намали приходите од патарина

МИА

Седумдесет и шестгодишен струмичанец со бастун во рака ги мотивира младите да даруваат крв

МИА

Сончево со умерена облачност, по одделни котлини магла

Слободен печат

Почнува божикниот пост

МИА

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Виц на денот: Географија

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian