21 година по култната сцена од „Сурови намери“ актерките повторно се бакнаа

инстаграм

Актерките Сара Мишел Гелар и Селма Блер го повторија нивниот легендарен бакнеж од филмот „Сурови намери“ (Cruel Intentions), но овој пат во согласност со насоките и правилата за борба против коронавирусот.

Така Селма на својата колешка и даде бакнеж преку маска.

инстаграм

Тие две се запознаа на снимањето на тој филм, а останаа пријателки до денес. Селма денес се бори со мултипла склероза, а Сара е една од луѓето на кои таа секогаш може да се потпре.

Во филмот Селма ја глуми наивната Сесил Калдвел која Кетрин Мертеил, која ја глуми Сара, ја искористува за да му се освети на својот полубрат Себастијан Валмонт.

Нивниот бакнеж ја освои наградата „MTV Movie“ за најдобар филмски бакнеж.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот