Средношколец од Загорје бил избоден во градите од негов врсник
Добивме информации дека се туркале еден со друг и дека ножот му излетал од чантата, рекол таткото не ученикот кој го повредил својот врсник.
Малолетник денеска попладне бил тешко ранет во близина на средното училиште во Бедековчина, соопшти полицијата во Крапина-Загорје. Според неофицијални податоци, станува збор за 17-годишен ученик кој случајно бил избоден во градите од негов соученик, пишува Индекс.хр.
Препорачано
Полицијата изјави дека околу 13:15 часот добила пријава за несреќа во близина на средното училиште Бедековчина, во која малолетник се здобил со телесни повреди. Повредениот малолетник е пренесен во Клиничкиот болнички центар во Загреб со хеликоптер на брза помош. Според полицијата, истрагата и утврдувањето на фактите се во тек.
Гимназијата објави дека по завршувањето на програмата „Ден на лебот“ во тоа училиште, се случила несреќа пред спортската сала на училиштето во која еден ученик бил повреден.
„На ученикот веднаш му била укажана прва помош, а брзата помош го однела на понатамошно лекување“, велат од училиштето.
Тие нагласуваат дека ги информирале родителите на ученикот и продолжуваат да постапуваат согласно пропишаните протоколи.
„Се надеваме дека сè ќе биде во ред со ученикот и очекуваме повратни информации од болницата“, велат во соопштението за медиумите.
Неофицијално, еден ученик донел леб, сланина и нож во училиштето. Наводно, во еден момент мавтал со кеса и случајно повредил друг ученик со нож.
Локалниот портал Zagorje.com разговарал со таткото на ученикот кој повредил друг ученик.
„Ние родителите добивме информации дека се туркале еден со друг и дека ножот му излетал од чантата“, рекол таткото, додавајќи дека двајцата се пријатели и дека неговиот син никогаш не би го направил ова намерно.
Очевидци на настанот го потврдиле истото.
„Имал нож во чантата и го удрил соученикот од шега, а ножот ја прободел чантата“, рекоа очевидци.


