14-годишен ученик го извршил нападот во средното училиште во Џорџија

Бирото за истраги во Џорџија соопшти дека лицето кое отворило оган во средно училиште при што уби четири лица е 14-годишен ученик. Тој кој ќе биде обвинет за убиство и ќе му се суди како на возрасен.

Во крвавиот пир има и над 30 повредени, но за сега не се знае дали сите настрадале од огнено оружје.

По денешното пукање со реакција се огласи Белата куќа.

Од таму порачаа дека легислативата е одговорот да се зачуваат заедниците безбедни бидејќи средно училиште во Џорџија беше под пукање во средата, што резултираше со повеќе жртви.

„Мораме да имаме закони, повеќе закони, дополнителни закони, за да можеме да ги заштитиме заедниците“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

На денешното пукање во својот говор се осврна и Потпретседателката Камала Харис нарекувајќи го „бесмислената трагедија“.

„Едноставно е срамота што секој ден, во нашата земја, во Соединетите Американски Држави, родителите треба да ги испраќаат своите деца на училиште загрижени дали ќе им се врати дома живи или не. Мораме да го запреме тоа. Не мора да биде вака“, порача Харис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот