Фон дер Лајен: Приказната на Грција во последните години е приказна за импресивно закрепнување

Урсула фон дер Лајен/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Грција денеска е столб на меѓународната заедница и економијата, Грција е столб на НАТО, Грција е столб на нашата колективната безбедност и на поддршката за Украина и Грција е силен и горд столб на нашата Европска Унија, истакна претседателката на Европската комисија и главната кандидатката на Европската народна партија (ЕПП) за истата позиција, Урсула фон дер Лајен во нејзиното обраќање во Атина на Конгресот на Нова демократија, јави дописничката на МИА од Атина.

Фон дер Лајен говореше на последниот ден од Конгресот на партијата што е дел од ЕПП, со што го означи и почетокот на нејзината кампања за европските избори во јуни. Таа се осврна за тоа што Грција го постигна во изминатите години, рече дека тоа е благодарение на народот, на Нова демократија, но и на актуелниот грчки премиер Киријакос Мицотакис и „приказната на Грција во последните години е приказна на импресивно закрепнување“.

За претстојните евроизбори, рече дека Европа е пред предизвици како никогаш досега, истакнувајќи ја руската агресија, не само врз Украина, туку и врз самата ЕУ.

Пријателите на Путин овде во Европа се обидуваат одново да ја испишат нашата историјата и да ни ја земат иднината. Без разлика дали се популистите или демагози, истакна фон дер Лајен и додаде дека „можеби имињата на овие партии се различни во секоја земја, но целите се исти, сакаат да ја уништат Европа и ние никогаш нема да дозволиме да се случи ова“.

На последниот ден од Конгресот на Нова демократија што започна во петокот, освен фон дер Лајен, на делегатите им се обрати и претседателот на Република Кипар, Никос Христодулидис, како и грчкиот премиер и претседател на Нова Демократија Киријакос Мицотакис.

Конгресот на Нова демократија оваа година е и јубилеен со оглед на тоа што партијата одбележува 50 години од формирањето, а се одржува во палатата Запио, каде што во 1979 година тогашниот премиер и лидер на НД Константинос Караманлис го потпиша протоколот за влез на Грција во европскиот семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот