12 научно докажани знаци на љубов

Љубов
Фото: Pixabay

Веројатно некогаш сте доживеале некои знаци кои укажуваат на љубов. Не можете некого да го извадите од мислите, фантазирате за некој додека треба да работите, се замислувате со некого во иднината? Овие мисли се само некои од многуте показатели дека сте заљубени.

Конечно, научниците прецизираа што точно значи да си заљубен. Истражувачите открија дека мозокот на личност која е заљубена, значително се разликува од оние кои доживуваат обична страст, и секако од оние кои се во долгогодишна врска, објави „Лајвсаенс“.

Студијата водена од Хелен Фишер, антропологист во Универзитетот Рутгерс, и една од водечките експерти за биолошките основи на љубовта, откри дека фазата во која мозокот е “заљубен“ е уникатна и добро дефинирана, а ова се знаците кои ќе ви откријат дали сте во таа фаза.

1. Кога мислите дека тој/таа е посебен

Кога сте заљубени почнувате да мислите дека тој или таа се посебни. Ова мислење оди заедно со неможноста да почувствувате привлечност за никој друг. Според една статија од 2017, во списанието „Архиви на секскуално однесување“ (Archives of Sexual Behavior), ова моногамно чувство доаѓа од покачените нивоа на централен допамин, хемикалија која делува на вниманието и фокусот во мозокот.

2. Фокусирање на позитивни нешта

Луѓето кои се вистински заљубени имаат тенденција да се фокусираат на позитивните квалитети на својот сакан/а, а ги занемаруваат неговите или нејзините негативни особини. Според списанието за карактери и социјална психологија „Journal of Personality and Social Psychology“, врските обично се поуспешни кога партнерите се идеализираат.

Заљубените се фокусираат на тривијални настани и предмети кои ги потсетуваат на саканата личност, мечтаејќи за овие драгоцени мали моменти и спомени.

3. Емоционална нестабилност

Како што е познато, заљубувањето често води до емоционална и физиолошка нестабилност. Тоа се манофестира со возбуда, еуфорија, зголемена енергија, несоница, губење на апетит, треперење, забрзано срцебиење, забрзано дишење, како и вознемиреност, паника и чувство на очај кога вашата врска ќе претрпи и најмал неуспех.

Според една студија објавена во 2017 година во списанието Филозофија, психијатрија и психологија (Philosophy, Psychiatry and Psychology), во екстремни случаи, овие промени во расположението се слични со однесувањето на зависниците од дрога. И навистина, кога на заљубените луѓе им се прикажуваат слики од нивните сакани, тоа ги активира истите делови од мозокот што се активираат кога зависник од дрога ќе ја земе својата „доза“. Според Фишер, да се биде заљубен е форма на зависност и кога љубовта е одземена од некого, тој може да доживее „кризи“.

4. Интензивирање на привлечноста

Според истражувањето на Фишер, поминувањето низ некаков вид на непријатна ситуација со друга личност, може да ја интензивира романтичната привлечност. Централниот допамин може да биде одговорен и за оваа реакција, бидејќи истражувањата покажуваат дека кога наградата е одложена, невроните што произведуваат допамин во регионот на средниот мозок стануваат попродуктивни.

5. Наметливо размислување

Според Фишер, луѓето кои се заљубени велат дека во просек поминуваат повеќе од 85 отсто од времето кога се будни, размислувајќи за својот „љубовен партнер“. Наметливото размислување, како што се нарекува оваа форма на опсесивно однесување, може да е резултат од намаленото ниво на централен серотонин во мозокот, состојба која претходно била поврзана со опсесивно однесување.
Според една студија од 2012 година објавена во журналот за психофизиологија (Journal of Psychophysiology), мажите кои се заљубени имаат пониско ниво на серотонин од мажите кои не се, додека спротивното важи за жените. Утврдено е дека мажите и жените кои биле заљубени, размислуваат за својот партнер околу 65 отсто од времето кога биле будни.

6. Емоционална зависност

Вљубените луѓе редовно покажуваат знаци на емоционална зависност од нивната врска, вклучувајќи посесивност, љубомора, страв од отфрлање и анксиозност од разделување. На пример, Фишер и нејзините колеги ги анализирале мозоците на поединци, кои гледале фотографии од личноста која ги отфрлила или пак некој, во кој сè уште биле заљубени, но биле повеќе заедно.

7. Планирање на иднината

Копнежот за емотивно соединување со саканиот/та, барање начини за зближување и сонувањето за заедничка иднина се исто така знаци на некој кој е заљубен. Според една статија на Универзитетот Харвард, кога нивото на серотонин почнува да се враќа на нормално ниво, хормонот окситоцин се зголемува во телото. Овој невротрансмитер е поврзан со создавање посериозни врски.
Луѓето кои се заљубени генерално чувствуваат моќно чувство на емпатија кон својот партнер, чувствувајќи ја болката на другиот како своја и спремни да жртвуваат се за другата личност.

8. Усогласување на интереси

Вљубувањето може да резултира со тоа некој да ги преуреди своите дневни приоритети за да се усогласат со оние на својот партнер. Додека некои луѓе можеби се обидуваат да бидат повеќе како саканата личност, друга студија на Фишер, претставена во 2013 година на конференцијата „Да се ​​биде човек“, откри дека луѓето ги привлекуваат нивните спротивности, барем нивните „мозочно-хемиски“ спротивности.

9. Посесивни чувства

Оние кои се длабоко заљубени често доживуваат сексуална желба за својот сакан/а, но тука делуваат силни емоционални врски. Копнежот за секс е поврзан со желбата за сексуална ексклузивност и екстремна љубомора кога партнерот е осомничен за неверство. Според индискиот весник за ендокринологија и метаболизам, окситоцинот се ослободува за време на сексуалната активност. Овој хормон, како што споменавме погоре, создава социјални врски и развива доверба.

10. Копнеж по емоционално заедништво

Додека желбата за сексуална заедница е важна за заљубените луѓе, желбата за емоционална заедница има предност. Студијата на Фишер од 2002 година објавена во „Archives of Sexual Behavior“ покажа дека 64 проценти од заљубените луѓе не се согласуваат со изјавата: „Сексот е најважниот дел од мојот однос со мојот партнер“.

11. Чувства кои не се контролираат

Фишер и нејзините колеги откриле дека поединците кои велат дека се „заљубени“ најчесто велат дека нивната страст е неволна и неконтролирана.

За нејзината книга „Love and Limerence“ од 1979 година, починатиот психолог Дороти Тенов побара од 400 мажи и жени во Конектикат да одговорат на 200 изјави за романтична љубов. Многу учесници изразија чувство на беспомошност, велејќи дека нивната опсесија е ирационална и неволна.

12. Губење на искрата

За жал, да се биде вљубен не секогаш трае вечно и психолозите велат дека раната еуфорична фаза не трае подолго од три години, според блогот на Фишер. Тоа е непостојана состојба која или еволуира во долгорочна врска која психолозите ја нарекуваат „приврзаност“, или се распаѓа. Ако постојат физички или социјални бариери кои ги спречуваат партнерите да се гледаат редовно – на пример, ако врската е на далечина – тогаш фазата „вљубеност“ генерално трае подолго отколку што би било инаку.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот