10 заеднички карактеристики на бебињата родени во лето

дете татко
Фото: Pexels

Конечно пристигна летото, пристигнаа сончевите денови и високите температури. Капење, сончање и уживање во долгите денови. Пристигна сезоната во која многумина ќе го прослават својот роденден, а ќе се родат и нови деца. Сите овие мали и големи луѓе родени помеѓу 21 јуни и 23 септември имаат некои заеднички карактеристики, пишува „Zadovoljna“.

Прочитајте за некои од причините зошто летните бебиња се посебни.

Оптимисти се

Луѓето родени во летните месеци по својата природа се оптимисти. Заедно со луѓето родени во пролет, тие имаат тенденција да бидат дури и премногу позитивни. Во секој случај, чашата им е секогаш полна.

Среќни се

Студија спроведена на универзитетот Вандербилт во Нешвил, САД, покажа дека луѓето родени во лето имаат помала веројатност да страдаат од депресија отколку нивните врсници во зима.

Имаат добра самоконтрола

Итражувачите во Јапонија ја проучувале корелацијата помеѓу сезоната на раѓање со емоционалната регулација и регулацијата на однесувањето. Откриле повисоко ниво на контрола кај родените во пролет и лето. Способноста да се избере соодветен начин на дејствување за време на конфликти е нешто од кое ќе имаат бенефит во текот на целиот свој живот, родените во лето.

Поздрави се

Едно британско истражување покажа дека бебињата родени во лето имаат подобро целокупно здравје. Една од причините може да биде позитивниот ефект на изложеност на витамин Д.

Успешни се во училиште

Летните бебиња добро се снаоѓаат на училиште. Поради начинот на кој е структурирана учебната година, летните бебиња се често меѓу најстарите во училницата, што на некој начин им дава предност во однос на нивните соученици и имаат тенденција да постигнуваат академски успех.

Добри се во спортот

Летните деца се добри во спортот, особено оние родени во септември. Затоа е паметно уште во помала возраст да се запишат на спортска активност за да се развиваат во таа насока.

Имаат моќен биолошки часовник

Ако имате дете кое секое утро се буди во исто време, без помош на будилник, веројатно детето е родено во лето. Дури и една студија спроведена врз глувци покажала дека оние кои се одгледуваат на летно светло во затворени простории, имаат попрецизни часовници отколку нивните зимски пријатели.

Ја преферираат ноќта

Луѓето родени во лето се претежно ноќни типови. Можно е, ова да е последица на подолгите денови во летните месеци, поради што сме активни подолго во текот на денот, отколку во постудениот дел од годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот