Ѕвезда од Премиер лигата брутално претепан, флертувал со девојка на колега

фото:Premierleague.com

Поранешниот фудбалер на Челси и на англиската репрезентација, Дени Дринквотер е брутално претепан во ноќен клуб во Манчестер бидејќи флертувал со девојката на друг фудбалер, пишува „Сан“.

Дринквотер флертувал и ѝ дофрлувал на девојката на Кгоси Нтихе дека со него ќе го напушти клубот, по што фудбалерот на Скантроп го предупредил да не прави ништо.

Фудбалерот на Челси кој моментно игра како позајмен  играч ви Барнли бил исфрлен од обезбедувањето од ноќниот клуб откако бил нападнат од дури шест лица. Напаѓачите го удирале со тапи предмети, а некои од нив бараа да му се скршат нозете.

Сведоците изјавиле дека имало крв на сите страни и дека напаѓачите намерно брутално го тепале бидејќи знаеле дека е ѕвезда во Премиер лигата.

Барнли потврди дека Дринквотер има повреда на зглобот здобиена надвор од фудбалските терени, а при нападот му се повредени и лигаментите поради што го очекува пауза од еден месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот