Фото: instagram/Матеј Гаштаров

Звезда го испрати еден од најголемите македонски таленти на позајмица

Младиот македонски фудбалски бисер Матеј Гаштаров продолжува со нова епизода во кариерата. По есенската премиерна сезона во дресот на првиот тим на Црвена звезда, талентираниот играч за врска ќе ја мине следната фаза од развојот како позајмен фудбалер во Графичар.

Станува збор за очекуван и внимателно испланиран потег на белградскиот гигант, кој со години практикува младите надежи да ги „кали“ во Првата лига на Србија, со цел полесно прилагодување на сениорскиот ритам, физичката игра и тактичките барања на професионалниот фудбал.

Графичар, кој важи за официјална развојна филијала на Црвена Звезда, претставува идеална средина за напредок, а дополнителна охрабрувачка околност за Гаштаров е соработката со Марко Негиќ. Тренерот е познат по успешната работа со млади фудбалери, од кои дел подоцна станаа стандардни членови на „црвено-белиот“ состав.

Гаштаров, роден 2006 година, е младински репрезентативец на Македонија и настапува во средниот ред. Се истакнува со префинета техника, фудбалска интелигенција и зрелост во играта, а престојот во Графичар треба да биде важен чекор кон негово целосно етаблирање на сениорската сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот