Зверев одлучил: Ќе го ангажира Надал за нов тренер
Александер Зверев одлучи да направи голема промена по неочекуваниот пораз на Вимблдон и тоа уште во првото коло од далеку пониско рангираниот Артур Риндеркнеш. Германецот со руско потекло, кој моментално е на третата позиција на АТП листата, во потрага по нова енергија во стручниот штаб се одлучи за Тони Надал.
Препорачано
Медиумите пренесуваат дека Зверев бил виден како тренира во тениската академија на Надал на Мајорка, токму под водство на Тони. Веста дека искусниот стратег ќе биде дел од тимот на Зверев веќе одекна во тениските кругови, а се шпекулира дека дури и Рафаел Надал ќе има менторска улога во новиот проект на Германецот.
По елиминацијата од Вимблдон, самиот Зверев најави дека размислува за промени во стручниот штаб.
„Можеби ќе менувам нешто во тимот. Сè уште ништо не е сигурно, но сериозно размислувам за тоа“, изјави Зверев по елиминацијата на Вимблдон.
Германскиот новинар Пол Хусер, кој работи за „Скај Спорт“, истакна дека и Рафаел Надал ќе биде вклучен како ментор, што дополнително ја засилува надежта дека новата соработка може да донесе резултати за Зверев веќе на следните големи турнири.


