Зрењанин: Девојче во основно училиште со нож повредило соученичка

Српска полиција/ Фото: МИА

Ученичка од основно училиште во српскиот град Зрењанин со нож нападнала соученичка во женскиот тоалет во училиштето и ја повредила во грбот, јавија српските медиуми.

Повреденото девојче е пренесено во Ургентниот центар во Зрењанин. Според информациите од здравствената установа, се работи за полесни физички повреди.

По укажаната лекарска помош, девојчето е пуштено на домашно закрепнување.

За случајот е известен и јавен обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот