Зошто треба да пиете вода пред појадок?

unsplash

Би требало да знаете дека 60% од човечкото тело на возрасен човек се состои од вода. Значи, не треба да ви биде чуден фактот дека консумирањето вода е од витално значење за одржување на вашето тело.

На просечен возрасен маж му се потребни околу 3 литри вода на ден, додека за жените се препорачува околу 2,2 литри. Доколку ви се чини дека тоа е многу вода и мислите дека не би успеале да испиете толку, не грижете се.

unsplash

Ние внесуваме вода и преку нашата храна, но важно е да се знае дека водата е еден од најважните елементи потребни за одржување и правилно функционирање на нашите тела.

Исто така, можеби треба да размислите за воведување една чаша вода пред да посегнете кон желбата за утрински кофеин или пак веднаш да се „фрлите“ на храна.

Да, помислата на обична вода па и не е некаква мотивација што ја барате откако ќе се разбудите и станете од креветот, но запомнете, кога ќе се разбудите по 7 или 8 часа сон, вие сте дехидрирани.

Profimedia
Profimedia

Вие не сте пиеле вода приближно 1/3 од периодот од 24 часа. Без разлика дали сте свесни за тоа, вашето тело не само што сака да ги надополни резервите на вода, туку и на вашиот дигестивен систем му е потребно вода наутро за да почне да работи ефикасно.

Доколку пиете барем една чаша вода наутро, тоа ќе ве расони побрзо и не само што ќе ве рехидрира, туку ќе помогне храната од претходниот ден да се раздвижи низ вашиот дигестивен систем. Оваа хидрација ќе ви го обезбеди потребното „гориво“ за да се премести „отпадот“ низ вашиот систем и ќе ви помогне полесно да се разложи првиот оброк во денот.

Сепак, важно е да се напомене дека пиењето чаша вода пред оброк нема да го зајакне метаболизмот.

unsplash

Може да ви помогне да го намалите внесот дополнителни калории во текот на денот, но нема да ви помогне да согорувате повеќе калории“, вели нутриционистката Сара Гринфилд.

Но, доколку пиењето вода стане ваша прва „обврска“ кон себе секое утро, ќе помогне да се смират оние фантомски болки во желудникот кои се појавуваат наутро и ви испраќаат сигнали дека сте „многу гладни“. Фантомскиот глад кој се појавува наутро може само да предизвика да јадеме повеќе отколку што треба.

unsplash

Пиење чаша вода 30 минути пред оброк, всушност може да помогне во процесот на намалување на телесната тежина. Студиите покажаа дека ако пиете две чаши вода пред јадење, можете да го намалите внесот на калории за 75 до 90 калории.

Тоа се чини како доволна мотивација за чаша вода пред појадок да стане дел од вашата утринска рутина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот