Зошто невестите носат превез: Кога ќе ја слушните причината, ќе се запрепрастите!

Постојат разни свадбени обичаи, но причината како настанал превезот и зошто невестите го носат е далеку од романтична.

Свадбата треба да претставува најсреќен ден во животот  на невестата и младоженецот. Организацијата на свадбата, музиката, веселбата и ресторанот, некако секогаш се во втор план во однос на невестинското избирање на венчаница и сценските светла кои се насочени кон неа на тој посебен ден.

За секоја невеста се вели дека е најубава, и на тој нејзин ден зрачи со посебност и самодоверба. Меѓутоа, дали некогаш сте се запрашале што значат сите тие обичаи кои ги почитуваме.

Невестите носат превез уште од римско време, иако причината за тоа не е баш бајковита и романтична, како што сме мислеле. Во тоа време, жените од глава до пети биле покриени со црвена наметка. Наметката требало да ја претставува невестата во оган, со што таа ќе ги одврати  и заплаши сите зли духови кои би сакале да фрлат клетва на парот.

Со тек на времето и менување на модата, невестите почнале да носат само превез за да се  заштитат од овие зли духови. До денешен ден, кај договорените бракови,  превезот го носат и од причина да го скријат лицето пред младоженецот.

Денеска, најчесто, превезот претставува повеќе како додаток и украс, отколку што ги симболизира старите обичаи. Исклучок може да пронајдеме во еврејската култура кадешто невестата носи превез за да и покаже на јавноста дека младоженецот не се жени со неа само поради нејзиниот физички изглед.

Во секој случај, нам секоја невеста ни е најубава, превезот, барем на изглед е нежен, романтичен и бајковит детаљ на секоја свадба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот