Зошто китиме елка? Патот на елката од зимзелено дрво до симбол на празниците

pixabay

Неколку занимливости за симболот на новогодишните и божиќните празници, нејзиното височество – елката.

Дочекот на новата година и Божиќ е незамислив без накитена елка и без шарените лампиони на неа. Но, зошто китиме елка?

Патот на елката од зимзелено дрво до симбол на празниците бил долг и полн со интересни факти.

pixabay

Зимзелените билки веќе илјада години се користат во прославите на христијанските и паганските обичаи. Паганите ги користеле за украсување на домот во зимскиот период, додека Римјаните ги користеле за украсување на храмовите за време на фестивалите. Христијаните зимзелените билки ги користеле како знак на вечниот живот и поврзаноста со бога.

Не постојат податоци кои точно можат да одредат кога елката за првпат била употребена како дел од божиќната традиција. Се верува дека тоа почнало пред илјада години во северна Европа. Оние кои не можеле да си дозволат елка редела исечени дрва во форма на пирамида и ги украсувале со хартија, јаболка и свеќи.

Во Викторијанската ера свеќите закачени на елката означувале ѕвезди, а во некои делови на Европа се уште се користат како украси.

Сепак, поради страв од пожар, во 1895 година се направени првите електрични сијалички како замена за свеќите.

Лампиони се користеле како украси уште откога се почнало со китење на елките, но за разлика од денешните лампиони, тие биле направени од вистинско сребро. Оние кои не можеле да си дозволат такво украсување со сребро, елките ги кителе со црвени, зелени и жолти јаболки.

Употребата на елката во божиќните и новогодишните прослави првпат е документирана во 1510 година во Летонија. Се знае само дека на крајот на прославата луѓето ја запалиле елката.

Во Германија е сочувана слика од бискуп нацртан покрај новогодишна елка, а елката ја носат луѓе низ градот. Се верува дека тој бискуп го претставувал Свети Никола.

Прва личност која елката ја однела дома, по обичаите кои денес ги славиме, бил свештеникот Мартин Лутер.

Во Германија елките биле украсувани со колачи, зашеќерени јаболки и сладок леб. Подоцна почнале да прават стаклени украси слични на денешните.

Првата божиќна елка во Британија е поставена за време на владеењето на принцот Алберт. Во 1848 година кралската божиќна елка била објавена во весниците. Затоа култот на божиќната елка бргу станал популарен и во Америка.

Вештачките елки станале популарни во раниот 20 век. Со години ваквите елки биле правени од метал, хартија, пердуви и различни видови на пластика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот