Зошто бебињата родени во декември се посебни?

Фото: Пекселс/ s-afa// vijay-reddy

Дали знаете дека според грубата статистика, во декември се раѓаат најмалку бебиња? Поради ова, некои сметаат дека бебињата во декември се посебни поради повеќе причини.

Верувале или не, научниците од универзитетите во Италија, Шпанија, Велика Британија, Австрија ги истражувале карактеристиките на луѓето кои се родени во последниот месец од годината. Овој период е секако интересен, можеби затоа што е поврзан со празници, радост, подарување и среќа, а тоа може да влијае и на развојот на карактерот. Магично време за магични деца, велат тие.

Секогаш се меѓу најмладите во класот, а кога се запишуваат на факултет помалите деца постигнуваат подобри резултати.

Фото: Пекселс/nastia-ligrain

Што се однесува до карактерот, за декемвриските деца важи дека се искрени, дека веруваат дека сите луѓе се добри, дека сакаат да ги споделуваат своите мислења и чувства. Тие се лојални. Велат и дека се родени лидери, ја сакаат работата, колегијални се и се жртвуваат во тоа што го работат. Токму затоа често може да се каже дека се многу успешни – и дека својот успех го постигнале благодарение на себе и на нивните напори, пишува „Бебац“ (Bebac).

Љубовта, семејството и пријателите, покрај работата, се приоритет на родените во декември. Сакаат да фантазираат, па поради големите очекувања понекогаш удираат во ѕид, што може длабоко да ги разочара. И покрај тоа, токму овие фантазии и големи очекувања ги водат до високите цели кои сакаат да ги постигнат – во кои многу често успеваат.

И конечно, декемвриските деца се родени во знакот на Стрелец или Јарец, па ги имаат сите карактеристики на овие знаци. Стрелците се енергични, имагинативни, сакаат да истражуваат и патуваат, додека Јарците се амбициозни, сакаат независност, емотивни се, но во исто време и тврдоглави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот