Зоран Заев: Живеам како студент во Скопје, се хранам со виршли и салама

Поранешниот премиер Зоран Заев вели дека е азилант во Скопје и живее сам во премиерската вила.

Во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5 од 18.30, Заев на Жаре му открил многу лични приказни.

Фото: Промо

– Живеам како студент во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жени што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да пржам – изјавил Заев.

На прашањето на Жаре, како се храни, тој рекол: „Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли“. Заев зборувал и за семејството, за детството во Муртино и за својата прва работа од која ги заработил првите пари.

Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот