Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Златото никогаш не вредело повеќе – цената достигна рекордни висови, надмина 3.000 долари
Светската цена на златото денеска се искачи на рекордни 3.000 долари за унца (28,34 грама) поради глобалната трговска неизвесност и очекувањата дека каматните стапки во САД ќе бидат намалени, пренесе „Би-би-си“.
Препорачано
Цената на благородниот метал порасна за 0,4 отсто на 3.000,20 долари за унца. Од почетокот на годината, вредноста на златото се зголеми за над 14 отсто. Златото со векови се смета за безбедно засолниште за капиталот во турбулентни времиња, па растот на побарувачката по него е индикатор за нивото на страв и неизвесност на пазарите.
Во последните 25 години цената на златото се зголеми за десет пати, што е побрзо темпо на раст од американскиот индекс S&P 500, кој во истиот период се зголеми за четири пати. Скокот на цената на златото обично се поврзува со економски и политички пресврти.
Цената на златото прво ја премина границата од 1.000 долари за унца за време на Големата финансиска криза во 2008 година, а се искачи над 2.000 долари за време на пандемијата на коронавирус.
Цените паднаа на 1.600 долари по пандемијата, но повторно почнаа да растат во 2023 година, поттикнати од големите набавки од централните банки.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
52мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5