Златно Славејче, ЏП и Стефонатор, RHCP Real Tribute и 2 Бона на „Summerland“ во парк

Фестивалот „Summerland” кој секојдневно се одржува во Градски Парк и овој викенд нуди забавна програма за сите возрасти.

За најмалите, од 19.00 вечерва ќе настапат „Златно Славејче“, а по нив и омилените детски јутјубери ЏП и Стефонатор. Во 21.00, во летното кино, посетителите ќе може да го погледнат македонскиот филм „Џган“. 

Утре од 22.00, на Школка ќе настапи најдобриот европски трибјут на Red Hot Chilli Peppers, а во недела, македонските рапери 2 Бона и Дј Че.

Фестивалот трае до 28 јули, а ќе го затвори етно групата Љубојна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот