Злато / Фото: Архива на Слободен печат

Златни монети или златни прачки, во што треба да се инвестира?

Во услови на висока инфлација, геополитичка нестабилност и забавен економски раст, сè повеќе граѓани бараат начин да ја заштитат вредноста на своите приходи и заштеди. На глобално ниво – од Балканот и Турција, преку Германија, па сè до САД – интересот за физичко инвестиционо злато нагло се зголемува. Најчестата дилема кај инвеститорите останува иста: дали е подобро да се вложи во златни монети или во златни прачки? Иако и двете форми обезбедуваат стабилност и долгорочна заштита на капиталот, меѓу нив постојат важни разлики.

И златните монети и полугите спаѓаат во категоријата инвестиционо злато, што значи дека мора да ги исполнуваат строгите стандарди за чистота и квалитет. Речиси сите современи производи се со чистота .9999,(систем на чистота во ‰ (промили), а во голем број земји се ослободени од ДДВ. Најважното за инвеститорите е тоа што и монетите и прачките ја задржуваат вредноста со тек на времето, притоа често растејќи побрзо од инфлацијата. Од воведувањето на еврото, цената на златото во оваа валута расте во просек повеќе од 9% годишно, што е над стапката на раст на трошоците за живот.

Што е инвестициско злато?

За да се третираат како инвестиционо злато, монетите мора да имаат минимална чистота од .900 и да бидат ковани по 1800 година. Тие често имаат статус на законско платежно средство во земјата на нивното потекло. Прачките пак, мора да имаат чистота од најмалку .995, а на секоја прачка мора јасно да биде означен серискиот број, производителот, тежината, чистотата и печатот на независен проценител. Секоја прачка доаѓа со сертификат за автентичност издаден од самата рафинерија или ковница.

Монетите обично се пакувани во пластични заштитни капсули. Тие не смеат да имаат гребнатини, отпечатоци од прсти или други оштетувања, бидејќи тоа може да ја намали нивната вредност. Прачките доаѓаат во фабрички запечатено вакумско пакување кое не смее да се отвора. Нивната вредност е директно поврзана со состојбата на  пакувањето и со сертификатот кој мора да биде усогласен со податоците на самата прачка.

И монетите и прачките мора да ги исполнуваат параметрите што ги задава производителот. Бидејќи златото има специфична густина од 19,3 g/cm³, фалсификатите речиси секогаш отстапуваат во димензиите или тежината. Кај прачките се проверуваат серискиот број, чистотата и печатот, усогласеноста со сертификатот, присуството на дополнителни заштити, како QR-код со онлајн верификација.

Кај монетите пак деталите мора да бидат јасни и прецизни, не смее да има знаци на употреба, физичките параметри мора да одговараат на оригиналот.

Стабилна цената за златото, грам се продава за 113 евра

Сите производи од инвестиционо злато ја следат светската spot цена. Но малите прачки и монети често се продаваат поскапо бидејќи трошоците за производство се релативно високи во однос на нивната тежина. Дополнителен фактор е пазарната побарувачка – одредени монети добиваат повисока цена поради популарност, ограничени серии или достапност.

Што ако имате златна прачка и ви требаат пари. Експертите велат дека ако поседувате една поголема прачка (на пример 100 грама), а ви е потребна помала сума пари, не можете да продадете дел од неа – ќе мора да ја продадете целата. Поради тоа експертите препорачуваат комбинирано портфолио, составено од неколку помали производи кои овозможуваат поголема флексибилност при продавање.

Кој е најдобриот избор?

Изборот меѓу златни монети и прачки зависи од буџетот на инвеститорот, потребата за ликвидност, личните преференции но и долгорочната стратегија. И монетите и полугите нудат стабилност, заштита од инфлација и диверзификација на портфолиото. Најважното правило останува непроменето: купувајте само од проверени и реномирани дилери, единствен начин да бидете сигурни во автентичноста и квалитетот на златото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот