Златен забен мост на маж од Шкотска - Фото: Фејсбук/Phys.org

„Златна насмевка“ од средниот век — археолози пронајдоа забен мост од 20-каратно злато

Археолозите открија исклучителен примерок на раната стоматологија кај скелетни остатоци на маж погребан во Абердин, Шкотска, во периодот помеѓу 1460 и 1670 година. Станува збор за првиот пронајден пример на забен мост во оваа земја, изработен од златна легура од 20 карати која ги поврзувала забите на долната вилица, пишува „Физ.орг“.

Истражувачите од Абердин утврдиле дека златната жица веројатно служела за прицврстување на вештачки протетички заб или за стабилизирање на постоечки разлабавен заб, а специфичните траги на забите потврдуваат дека овој механизам бил користен подолг период пред смртта.

Ова откритие е значајно бидејќи во средниот век грижата за забите не била во надлежност на лекарите, туку со неа најчесто се занимавале бербери или специјализирани занаетчии. Фактот што е користено висококвалитетно злато укажува на тоа дека мажот бил исклучително богат и имал пристап до врвни локални златари, кои во тоа време биле способни да изработат ваква прецизна златна жица и соодветни јазли за нејзино фиксирање.

Покрај функционалната улога за олеснување на џвакањето, научниците веруваат дека главниот мотив за ваквиот зафат бил социјалниот притисок. Во тој период, физичкиот изглед и здравата насмевка се сметале за одраз на карактерот и моралната чистота на личноста, па елитата не штедела средства за да го зачува својот естетски изглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот