Златко Даскалоски е нов член на Голден Арт КЛ7

Фото: facebook.com/rakometenklubKL7/

Поранешниот македонски репрезентативен голман и спортист со големо интернационално искуство е нов член на Голден Арт КЛ7. Помошник на тренерот Матлиески, тренер на голманите во клубот и поддршка на истите на голот ќе бидат задачите на Златко Даскалоски на неговиот нов предизвик во кариерата, во новиот клуб.

Играч со над 10-годишно интернационално искуство во Франција и Романија, како и седумгодишен стаж на голот на скопски Вардар ќе биде од голема важност за развој за екипата која од 2019 година е партиципиент во сениорскиот ракомет во Македонија.

Негова примарна задача ќе биде да работи со голманите на сите селекции, почнувајќи од првиот тим до најмладите. Паралелно ќе му помага на главниот тренер каде ќе го “пече” тренерскиот занает. но и ќе биде на голот секогаш кога е потребно.

Со свој коментар околу последните засилувања и планови на клубот излезе спортскиот директор, Милчо Чакарески:

-Голден Арт КЛ7 со последните неколку потези покажа дека останува на линија на ангажирање македонски ракометари, во случајот искусни играчи, кои, треба да бидат поддршка за младите Ѓорговски, Симоноски, Димоски, Илиески, Стојковиќ и останатите, и да се стават во функција на развој на истите. Покрај нивните ангажмани како искусни играчи, многу поважно за нас како колектив е нивната тренерска едукација во насока на создавање на “струка” која е крајно дефицитарна, струка која ќе биде сигурна, желна за докажување и напредок – вели Чакарески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот