Златан: Играв против Малдини, сега играм со неговиот син, а можеби и со неговиот внук

Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Екипата на Милан е лидер во Серија А и најави враќање на старите патеки, а најголеми заслуги за тоа има Златан Ибрахимовиќ.

Неверојатниот Швеѓанец со 39 години игра фантастично во Милан, тој е прв стрелец на екипата со 10 постигнати голови и многумина се прашуваат до кога планира да игра.

Тој во Милан беше сведок на смена на генерации, а низ шега за Би-Би-Си изјави дека не планира да застане само на тоа.

– Играв против Паоло Малдини, а сега играм со неговиот син Даниел. Се надевам дека ќе играм и со синот на Даниел, тоа би било чудо, но се е можно кога јас сум во прашање – изјави Ибрахимовиќ.

Златан сепак признава дека дека ги чувствува годините на своите плеќи.
– Не сум истиот играч како пред пет или десет години. Тоа е јасно, искрено не трчам како порано, но сега трчам паметно. Серија А е најтешка за напаѓачите бидејќи дефанзивците се технички и тактички многу добри. Не ми е лесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот