Ѕирнете во прекрасната вила на Џон Бон Џови која чини неверојатни 43 милиони долари (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Домот на фронтменот на групата „Бон Јови“ има поглед кон океанот и изгледа нереално добро…

Познатиот рокер Џон Бон Џови во текот на неговата успешна кариера, која трае речиси четири децении заработи многу пари, а сега одлучи да искешира милионската сума за својот нов дом!

Имено, фронтменот на групата „Бон Џови“ купил вила на „Палм Бич“, а целата трансакција чинела неверојатни 43 милиони долари.

Новата куќа на Џон Бон Џови има поглед на океанот, како и седум спални соби и исто толку бањи. Ентериерот содржи прекрасна трпезарија, голема и врвно уредена кујна, просторија за тренинг, лифт, како и винарска визба со контролирана температура.

Во екстериерот има два чардаци со поглед на океанот и базенот. Тој неодамна ја продаде својата куќа која се наоѓа во близина на неговиот нов дом, и тоа за сума од 20 милиони долари.

Недалеку од него живее познатиот радио водител Хауард Стерн, инаку добар пријател на Бон Џови.

Погледнете ја куќата на Џон Бон Џови во Палм Бич, која чини неверојатни 43 милиони долари:

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот