Зидан откри зошто си замина од Реал Мадрид

Зинедин Зидан нема да седне на клупата на Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Зинедин Зидан веднаш по завршување на сезоната во која со Реал Мадрид не успеа да освои ниту еден трофеј ја напушти клупата. Иако во медиумите имаше разни шпекулации за неговото заминување, сега самиот Зидан одлучи да ги разреши дилемите и да открие зошто си поднесе оставка.
„Драги навивачи, 20 години колку сум во Реал, од моментот кога за прв пат го облеков белиот дрес вие ми дававте поддршка. Пред се јас сум човек на Реал и должен сум да ги објаснам причините поради кои си заминувам. Кога во март 2019 година се вратив на клупата по пауза од осум месеци, го сторив тоа бидејќи претседателот Перез, но и вие го баравте тоа од мене. Многу му должам на Перез кој секогаш се бореше за мене, дури и кога останатите беа против и поради тоа засекогаш ќе му бидам благодарен“, пишува Зидан во писмото кое го објави „Марка“ и продолжува:

Си заминувам не поради замор како што беше минатиот пат во мај 2018. Сега работите се поинакви, го напуштам Реал бидејќи повеќе немаат доверба во мене и не ми даваат да изградам нешто на долги патеки. Ја познавам играта и знам кои се барањата од овој клуб, морате да си заминете кога нема да победувате. Но, се заборава мојата секојдневна работа, тоа што го изградив, односот со играчите. Имам чувство дека тоа не се цени, дека во клубот не ја знаат таа динамика. Јас барав само малку поголем респект, а не привилегија. За мене човечките односи се поважни од парите и славата и поради тоа ме боли кога пораките дека ќе се отпуштат доаѓаат од самиот клуб. Сето тоа ги обесхрабрува играчите, но тие секогаш беа со мене и ме спасија со некои одлични победи. Не сум најдобар тренер на светот, но ја добив довербата од луѓето со кои работев и сите тие даваа 100% “, пишува Зидан.
Како главен фаворит за негов наследник на клупата на „кралскиот клуб“ се споменува клупската легенда, Раул кој моменто е тренер на вториот тим на Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот