Зибери од ДУИ е пратеникот кој гласаше во посебна просторија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пред гласањето за новата влада, појасни дека еден од пратениците е изолиран и ќе гласа од посебна просторија. Сепак тој не кажа за кого станува збор.

Подоцна стана јасно дека тоа е Арбен Зибери поранешниот директор на скопскиот Центар за јавно здравје, кого министерот Венко Филипче го смени од функцијата.

Додека Џафери смируваше дека нема опасност за другите пратеници, после и новоизбраниот премиер Зоран Заев рече дека пратеникот не го прекршил протоколот со тоа што излегол од изолација. Според Заев тој воопшто не е позитивен туку чека резултати, а бил изолиран бидејќи не се чувствувал добро.

-Јас не бев информиран за овој случај, сега дознав дека пратеникот чека резултати од тестирање, а не се чувствувал добро. Затоа за да се заштити, беше спроведен во посебна просторија да гласа, одговори Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот