ЖРК Ѓорче Петров за четвртфинале во Европскиот куп против полскиот Јарослав

фото: Ѓорче Петров - ЖРК

Останаа 16 екипи во трката за трофејот, а со жрепка во Виена се дознаа осминафиналните двојки во Европскиот куп во женска конкуренција.

Македонија ја претставува составот на ЖРК Ѓорче Петров кој во борбата за пласман во четвртфиналето ќе игра против Јарослав од Полска.

Потсетување дека нашата екипа во третото коло со две убедливи победи го елиминираше австрискиот Румс Јагс во салата „Автокоманда“.

Првиот натпревар од осминафиналната фаза ќе се игра на 7/8 јануари 2023 година во Полска, а реванш средбата е една недела подоцна во Скопје.

Европски куп 2022/2023 (жени)

Осминафинале, двојки

Измир (Турција) – Макаби Аразим (Израел)
Цуг (Швајцарија) – Мадеира Андебол (Португалија)
Анталија Коњалти (Турција) – Спорт Бенфика (Португалија)
Гмини (Полска) – Јувента Михаловце (Словачка)

Јарослав (Полска) – ЖРК Ѓорче Петров (Македонија)
Елче (Шпанија) – Јагодина (Србија)
Х71 (Фарски Острови) – Атлетико Гуардес (Шпанија)
Хазена Кинзварт (Чешка) – Хихон (Шпанија)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот