Ѓорче Петров по вторпат убедливо славеше против австрискиот Румс Јагс

Блескаво издание на ѓорчепетровки против Австријките во салата „Автокоманда“/фото: Ѓорче Петров - ЖРК

Составот на Ѓорче Петров и во реванш натпреварот од третото коло во Европскиот куп беше подобар од Румс Јагс (Австрија) со 40:26 (23:8).

Потсетување дека во првите 60 минути во салата „Автокоманда“ во Скопје вчера македонскиот женски ракометен клуб триумфираше со 45:26.

На тој начин ракометарките предводени од тренерот Симе Симовски се пласираа во осминафиналето.

Во победничките редови доминираше Теодора Дукоска со осум погодоци, два помалку запиша Златица Васевска.

На спротивната страна девет погодоци беа дело на Мелани Крошва, а осум имаше Даниела Вебер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот