Животната приказна на Соња Савиќ: Тагувала затоа што не родила дете, но хероинот ѝ пресудил

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Да беше меѓу нас, легендарната југословенска актерка Соња Савиќ денеска ќе го прославеше својот 61 роденден. Во осумдесетите години на минатиот век, Соња Савиќ беше икона – за многумина најсексипилната и една од најталентираните актерки во Југославија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AFTER DARK (@after_dark2020)


Актерската кариера ја започнала во седумдесеттите години, а најголемата слава и ја донеле осумдесеттите. Со распадот на Југославија пропадна и нејзината кариера, а нејзините проблеми со зависноста постојано беа пишувани во медиумите.

Длабоко несреќна

Актерката не криеше дека е длабоко несреќна личност. Во едно од последните интервјуа таа изјави дека нејзиниот идеал е кратка и весела смрт. Таа во солзи тогаш изјави дека нејзиниот живот нема смисла бидејќи не родила дете и не ја продолжила лозата на своето семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beogradski mesec (@beogradskimesec)


Бурниот живот го завршила на 23 септември 2008 година во Белград, а обдукцијата покажала дека починала од предозирање со хероин. Деталите за нејзината смрт биле особено шокантни. Актерката наводно го продала целиот мебел во својот стан за да набави дрога при што починала на душекот, кој и бил единствениот што и останал во станот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Logos magazine (@logosmagazine_)


Наводно, нејзиното тело било пронајдено меѓу шприцевите на подот, а итната помош повикала пријателка со која таа вечер консумирала дрога.

Најголемата актерска надеж на поранешна Југославија

Соња Савиќ професионално почнала да се занимава со глума на 16 години, а на 21 година дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград. Почетокот на осумдесеттите го означија нејзиното време и за две и пол години сними пет филмови кои оставија огромен белег на југословенската кинематографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sonja Savić (@sonjasavic_)


Незаборавни се сцените во филмот „Уна“, кој се базира на романот на Мома Капор, а ја раскажува љубовта меѓу професорот Мишел Бабиќ и неговата ученичка Уна Војводиќ. Голата Соња Савиќ, која јаде цреши на балконот и го заведува професорот за време на интервјуто, засекогаш е врежана во сеќавањето на многумина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sonja Savić (@sonjasavic_)


Во текот на кариерата глумела во вкупно 50 филмови од југословенска, словенечка и српска продукција.

„Давителот против давителот“, „Животот е убав“, „Балкански шпион“, „Ние не сме ангели“, „Шеќерна вода“ и „Југо-Југоисток“ се само дел од филмовите во кои Соња вдахнала душа, а во раните деведесетти почнала да режира проекти кои уметнички се бореле против војната во Југославија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот