Живот како од роман: Мишо Ковач трипати ѝ погледнал на смртта во очи, а од кандидатките за мажење морал да бега дури и низ прозорец
На денешен ден пред 83 години е роден Мате Мишо Ковач, хрватскиот пејач кој продал повеќе од 20 милиони плочи во текот на својот живот, и малку е веројатно дека некој ќе го собори неговиот рекорд во блиска иднина. Откако кардиохирурзите му поставија два бајпаса во 2011 година, Мишо прво го намали бројот на настапи, а потоа целосно се повлече од јавноста, но неговите албуми сè уште се најпродавани на хрватскиот музички пазар.
Препорачано
Но неговиот живот не изобилувал само со убави настани. По отслужувањето на воениот рок во Белград, се вратил во Загреб. Со себе имал само еден куфер и илјада тогашни динари, па затоа на почетокот јадел во студентската менза на улицата Савска, а често ја поминувал ноќта спиејќи на клупа во парк. Заработувал пари пеејќи со разни групи во загрепските ресторани и хотели, а оние кои подобро го паметат тврдат дека развил мудра тактика. Иако навистина сакал да пее, штом ќе завршела свирката, Мишо исчезнувал без трага, па морале да се потрудат да го пронајдат и да му понудат нов ангажман.
Во тоа време, во родниот град ја оставил Весна, љубовта од неговата младост, а за време на летните прошетки по брегот, шармантниот Мишо ѝ го скршил срцето на богатата Швеѓанка Ингрид. Ќерката на индустријалецот веќе планирала брак со него, па тој веќе имал авионски билет за Скандинавија во џебот. Но сепак не ја прифатил примамливата понуда за брак.
View this post on Instagram
– Во една прилика, двајцата дојдовме во хотелот „Кварнер“ во Опатија каде што преноќивме и во три и пол наутро направив јаже од чаршаф, се симнав низ прозорецот и избегав со автобус до Шибеник – раскажа еднаш тој како завршила таа љубовна авантура.
Со првата сопруга Љубица бил во брак само неколку години, бидејќи во 1970 година, за време на Сплитскиот фестивал, Мишо ја запознал Анита Батурина, средношколка и тогашна актуелна Мис на Југославија. Се венчале во 1973 година, а во 1975 година се родил нивниот син Еди, а три години подоцна ќерката Ивана. Во тоа време Мишо веќе бил исклучително познат.
Кога неговиот син Еди имал 16 години доброволно се пријавил во специјалната хрватска единица „Шкорпиони“. Во април 1992 година, тој починал на 17-годишна возраст, според зборовите на Мишо, под необјаснети околности.
По смртта на Еди, Мишо Ковач со месеци ја лекувал својата депресија со огромни количини антидепресиви. Земал и по 50 апчиња дневно. Се повлекувал во себе и комуницирал сè помалку со членовите на своето семејство, а тоа влијаело и на неговиот брак со Анита. Исто така, објавил дека никогаш повеќе нема да пее. И покрај менталната болка, одржал проштален концерт пред преполната спортска сала „Дом“ во Загреб, по што следела „Ноќ на свеќи“ во септември 1993 година. Тогаш, од продадените билети, собрал 70 милиони хрватски динари, или околу десет милиони евра, а Мишо ја распределил целата сума на семејствата на паднатите ветерани на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Го открил тоа дури десет години подоцна.
По голема семејна трагедија, тој пронашол привремена утеха во љубовна врска со астрологот Силвија Конте Калви Марковиќ, триесет години помлада од него. Во една прилика, таа му пристапила и му понудила помош, а нивната врска траела до 1998 година. Се преселиле во Малага на шпанскиот брег, но врската се распаднала по враќањето на Мишо во татковината.
View this post on Instagram
Повторно осамен, и во тешка депресија, во јануари 1999 година, се застрелал во градите со пиштол „Берета“. Случајно, куршумот поминал покрај срцето, низ градите и застанал во левата плешка. Виталните органи не му биле повредени, но едно ребро и плешката му биле скршени. Во ужасна болка, успеал да му се јави на неговиот менаџер Денис Кадиќ на мобилен телефон, кој повикал брза помош, па пејачот бил успешно опериран.
Тоа било втор пат да ѝ погледне на смртта во очи. Првпат извлекол жива глава во 1971 година, кога доживеал сериозна сообраќајна несреќа во близина на Задар. Пожарникарите со часови го ваделе од смачканиот автомобил, а по тешките повреди на главата, Мишо решил да пушти мустаќи за да ја покрие лузната, и оттогаш мустаќите се негов заштитен знак.
Неколку месеци откако ја напуштил болницата и се опоравил, конечно се скрасил со сегашната сопруга. Ја запознал Лидија Пинтариќ во едно кафуле во Велика Горица, а својата тригодишна врска ја крунисле со скромна венчавка кога тајно влегле во матичната служба едно попладне во 2002 година.
View this post on Instagram
Последниот пат кога Мишо бил на работ на животот и смртта било околу Велигден 2011 година. Се разболел, а лекарите дијагностицираа лесен срцев удар како резултат на неуреден живот – премногу алкохол и цигари.
Следната голема битка што ја добил била борбата со зависноста на неговата ќерка Ивана. Откако неговата поранешна сопруга Анита го предупредила дека Ивана има проблеми со опијати, Мишо се посветил на својата ќерка. Прво ја сместил во болницата Виноград, а потоа ја испратил во комуна на двегодишно лекување. По нејзиното враќање, Ивана и Мишо отпеаја дует на неговиот нов албум, по што таа продолжи да пее во групата „Магазин“. Денес, таа е мајка на ќеркичката Елена, која му е миленичка на Мишо.


