Актери - Фото: Инстаграм/historyistimeless

ФОТО | Живи легенди кои ѝ пркосат на староста — холивудски актери од ерата на црно-белиот филм

Додека филмската индустрија постојано се врти кон нови лица и на црвените теписи доминираат млади ѕвезди, во срцето на Холивуд сè уште постојат оние кои своите кариери ги градеа во педесеттите години па и порано. Нивните почетоци датираат од времето на црно-белиот филм а меѓу нив има и такви кои веќе ја живеат својата втора стотка.

На самиот врв на оваа листа се наоѓа Ева Мари Сент која има 101 година. Актерката која дебитираше во 1946 година засекогаш се запиша во историјата со улогата во класикот „On the Waterfront“ за која доби и Оскар. Со својата елеганција во трилерот на Хичкок „North by Northwest“ таа ги постави стандардите за идеалната холивудска русокоса кои ретко кој може да ги надмине.

Ева Мари Сент – Фото: Инстаграм/evamariesaints

Веднаш до неа е и Дик Ван Дајк кој во декември минатата година го прослави својот 100-ти роденден. Кариерата ја започна во 1947 година а стана синоним за семејна забава благодарение на филмовите како „Mary Poppins“ и „Chitty Chitty Bang Bang“. Неговата виталност и денес предизвикува воодушевување кај публиката ширум светот.

Дик Ван Дајк – Фото: Инстаграм/historyistimeless

Кога зборуваме за деведесетгодишниците невозможно е да се заобиколи Клинт Иствуд кој има 95 години. Од своите почетоци во 1954 година Иствуд помина пат од каубој до еден од најценетите режисери на денешницата.

Клинт Истфуд – Фото: Инстаграм/historyistimeless

Слична долговечност ужива и Вилијам Шатнер култниот капетан Кирк од „Ѕвездени патеки“ кој на свои 95 години е познат како најстарата личност која некогаш летала во вселената со што докажа дека границите постојат за да се рушат.

Листата ја надополнуваат и Сер Мајкл Кејн кој на 93 години неодамна најави повлекување по седум децении работа како и легендарната Розмари Харис која има 98 години.

Соземари харис – Фото: Инстаграм/historyistimeless

Тука е и неповторливата Софија Лорен која на 91 година и понатаму останува симбол на безвременската убавина.

Софија Лорен – Фото: Инстаграм/historyistimeless

Меѓу „помладите“ на оваа листа на вечни легенди се наоѓаат и Морган Фримен, Дастин Хофман, Ентони Хопкинс кои имаат по 88 години како и Ал Пачино со 86 години.

Ентони Хопкинс – Фото: Инстаграм/historyistimeless
Ал Пачино – Фото: Инстаграм/historyistimeless
Мајкл Клајн – Фото: Инстаграм/historyistimeless

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот