Никола Перевски Пере / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Живее на 15 метри од поранешната сопруга и ќерките: Пере проговори за разводот

За првпат во јавноста, Никола Перевски – Пере, фронтменот на групата „Нокаут“, прозборе за разводот со првата сопруга, со која се оженил многу млад.

Пере рече дека станал татко на само 20 години, а денес е горд татко на четири ќерки: Михаела, Каја, Софија и Ирис.

Со зрелост што ја носат годините, тој во емисијата „Животна приказна“ на МРТ рече дека успеал да изгради цивилизиран и пријателски однос со поранешната сопруга, кој трае и денес.

„Дали ти се сруши светот кога се разведе, бидејќи беше многу млад?“, го праша водителката Здравка Милиќ, на што Пере одговори: „Па можеби да… никој не влегува во брак со цел да се разведе. Јас бев млад и тогаш, јас како млад сум бил неискусен од многу аспекти. Меѓутоа, сфаќаш дека некои работи е многу подобро да се решат на помирен начин. Сфаќаш дека тоа е подобро за децата, дека е тоа нормално и дека е подобро, пред сè, за себе.“

Музичарот потоа зборуваше за денешниот однос со поранешната сопруга и со поголемите ќерки од првиот брак и рече дека живеат на иста улица.

„Судбината нè спои сега да сме навистина блиску. Тие си живеат во посебен стан, меѓутоа сме на иста улица, на 15 метри сме, соседи сме сите. Се дружиме, разговараме за што и да било, поддршка си даваме едни на други и тоа е тоа“, изјави музичарот.

За најстарата ќерка Михаела, тој рече дека е многу горд што таа е дипломиран аудиоинженер и пее придружни вокали во „Нокаут“, а зборуваше и за нејзината помала сестра, Каја.

„Таа е во ‘Никола Карев’, општа гимназија. Таа сè уште се истражува, има многу голем талент за музика и пеење. Меѓутоа, не сака да се експонира. Многу е поповлечена, не е така екстровертна како Михаела, како Миа. Малку поинтровертна, позатворена, меѓутоа и со неа работам, сите придружни вокали ми ги има испеано на многу песни. И на многу други песни, за детски фестивали има испеано, а да не се знае дека е таа“, рече Пере за втората ќерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот