Жителите на Ново Лисиче и Реонски центар се анкетираат дали се за зонско паркирање

Фото; Општина Аеродром

Во населбите Ново Лисиче и Реонски центар се планира да се воведе зонско паркирање. Поради тоа, Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Градски паркинг“ започна кампања за информирање на граѓаните за бенефитите од зонското паркирање, а паралелно се  спроведува и  теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за предлог иницијативата за регулирање на паркирањето во овој дел од општината.

Фото: Општина Аеродром

На барање на граѓаните од овој дел од Аеродром и преку транспарента постапка и со вклученост на јавноста, по завршување на анкетата очекуваме да започне реализацијата на проектот со кој конечно ќе се регулира паркирањето во овој дел од општината, чекор кој ќе овозможи нови паркинг места, бесплатно и сигурно паркирање за станарите и со тоа ќе се стави крај на проблемите со недостаток на паркинг места и узурпирање на паркингот од страна на стари и хаварисани возила – велат од Општина Аеродром.

Оттаму апелираат до граѓаните да се вклучат во анкетата, а по нејзиното завршување Општината  ќе ги преземе сите неопходни активности за во соработка со „Градски паркинг“ реализацијата на овој проект да се одвива со забрзана динамика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот