Жител на Скудриње обвинет за узурпација на недвижност, зазел земјиште во државна сопственост

Фото: mia.mk

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Узурпација на недвижност, согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 45-годишник, на местото викано Осој во атарот на селото Скудриње, во близина на регионалниот пат од Ростуше кон Дебар, зазел во владение земјиште во сопственост на Република Северна Македонија со површина од 2.176 м2. На наведената катастарска парцела, без одобрение за градење, земјиштето го преградил од двете страни со бетонски ѕид со висина од 3 метри и дебелина од 40 сантиметри.​​

Видео на денот