фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Жил Кунде официјално останува во Барса до 2030 година

Францускиот фудбалер Жил Кунде (26) потпиша нов договор со Барселона, објавија од клубот.

Францускиот репрезентативец се обврза со Каталонците до летото 2030 година.

Дефанзивецот дојде во редовите на Барса од Севиља во летото 2022 година и веднаш се етаблираше како клучен играч.

Може да игра на позициите десен бек и централен дефанзивец.

Минатата сезона, тој играше на 53 мечеви во сите натпреварувања, запишувајќи четири гола и осум асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот