Жика Јакшиќ е итно примен во болница: „Да дојдеше само еден час подоцна, прашање е дали ќе преживееше“
Водителот и автор на емисијата „Никад није касно“, Жика Јакшиќ, повторно е примен во болница, овој пат поради проблеми со крвните садови, објавија српските медиуми. Неговата моментална здравствена состојба е под строг медицински надзор, а публиката со загриженост го следи развојот на ситуацијата.
Препорачано
Сепак, ова не е прв пат популарниот водител да се соочи со сериозни здравствени проблеми. Пред две години, Жика беше итно опериран од апендицитис, а ситуацијата беше драматична, според извор близок до продукцијата на Гранд.
– Жика трпеше болки со денови, тој е силен човек, не е од оние што трчаат на лекар за сè, па затоа се појавил во последен момент во болница. Да стигнеше само еден час подоцна, големо прашање е дали ќе преживееше. Операцијата на слепо црево е рутинска, но ако не стигнете на време, се јавува сепса, а тоа речиси му се случи на Жика. Лекарите едвај го спасија тогаш – изјавил тогаш извор од „Гранд“, пренесува „Србија данас“.
По таа операција беше откриено дека има хернија, која исто така беше хируршки поправена, а набргу потоа му беше дијагностицирана корона, што дополнително влијаеше на неговото здравје.


