Андреј Жерновски / Фото: Слободен печат

Жерновски: 30 дена откако Мицкоски рече дека „уште денес“ очекува убави вести за граѓаните

„Денеска се навршува точно еден месец откако премиерот Мицкоски изјави „уште денес очекувам убави вести за македонските граѓани”, а во врска со одлуката на САД за воведување висока царинска стапка од 33 отсто за увоз на македонски производи и услуги“, напиша на социјалните мрежи поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски.

„Нè уверуваше дека неговиот близок пријател Трамп веднаш ќе се коригира, бидејќи „очигледно дека ова е резултат на некаква грешка или на погрешни информации”. Се разбира, сите тие недоветни изјави се должеа на паниката која настана поради крахот на филмот кој лично им го продаваше на нашите граѓани дека е многу близок со претседателот на САД, дека он веќе го „запоседнал теренот во Вашингтон”, односно „периметарот околу Трамп” и дека тоа е „новото нормално”. Ако на почетокот беше смешно, сега веќе е жалосно“, пишува Жерновски.

„Во меѓувреме, сериозните анализи на домашните експерти ја демантираа и демонтираа неговата изјава дека „одлуката на Трамп е очекувана”, која исто така беше кажана со цел да го релативизира дебаклот на лажната шеќерна прикаска. Имено, според податоците, Македонија има дефицит во размената на САД. Извозот е околу 110 милион евра, увозот е околу 180 милиони евра, врз основа на што експертите тврдат дека ваквате одлука е сосема неочекувана. Како и да е, со таквата брилијантна и остроумна стратегија, целосно ги надитривме наивните соседи Албанија и Косово, кои никако не можат да дојдат до Трамп бидејќи Мицкоски ја запоседна Белата куќа. Па така, надиграни од нас, заедно со Црна Гора си останаа со 10 % царина, наспроти 33 % за Македонија. Во превод, како меур од сапуница почнаа да пукаат лагите. Една по една. Се плашам дека ова е само почетокот“, додава тој во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот