Жени кои се како магнет за секој маж

Жените кои добиваат се што ќе посакаат не се нужно фатални убавици, токму спротивното – тоа што ги разубавува доаѓа одвнатре, а не однадвор.

Всушнот се работи за три карактеристики кои се привлечни кај секој маж, сакале тоа да го признаат јавно или не.

Еве кои се тие карактеристики:

Изглед – секако дека тие сакаат жената да изгледа убаво, но без претерување. Во речиси секоја анкета која е направена докажано е дека мажите сакаат природен иглед, без многу шминка, малку пудра, маскара и сенка за очи.

Недостаток на комплекси – таквата жена ги прифаќа сите свои маани и доблести и не е хистерична доколку добие некој килограм повеќе. На мажите им одговара таков вид на жена, затоа што нив никогаш нема да им биде јасно зошто жените креваат толкава фама кога ќе “стават“ некој килограм повеќе и зошто ги наоѓаат мааните на себе и таму каде што ги немаат.

Животна енергија – жените кои се полни со енергија и желни за живот зрачат, а со својот константен оптимизам се како магнет за мажите, а што е уште поважно тие успеваат мажите да ги задржат покрај себе до крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот