Жена се пожалила дека ја болат очите, а потоа следел хорор: Докторот ѝ извадил 60 живи црви

Фото: Pixabay

Неверојатна приказна е забележана во Кина, поточно во градот Куенминг на југот на земјата. Една неименувана жена имала чешање на очите и еден ден, откако ги триела за да го ублажи чувството на пецкање, била шокирана дека од очите ѝ испаднал паразитски црв. Таа била преплашена и итно била пренесена во локалната болница во градот, пишува „Мирор“

Деталите од оваа приказна потсетуваат на хорор-филмови, но за среќа пациентката нема долгорочни последици. Откако жената била згрижена во болницата, лекарот со помош на пинцети извадил 40 живи црви од десното и 20 од левото око.

Паразитите се криеле во просторот помеѓу очните јаболка и очните капаци. Се верува дека жената била во контакт со животно (куче или мачка) кое било носач на овие паразити. Докотрите велат дека најверојатно ларвите ги „донела“ на рацете, а потоа со триење ги пренела во очите.

Познато е дека некои видови кружни црви предизвикуваат слепило, но тие почесто се наоѓаат во Африка, а не во Кина. По интервенцијата, на жената ѝ било дозволено да си оди дома, но ѝ било кажано да дојде на дополнителен преглед за докторот да се увери дека не останала ларва или црв.

На крајот на август оваа година, светските медиуми објавија сензационална вест од Австралија, каде лекарите исто така извадија жив паразитски црв од мозокот на неименувана Британка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот