Фото: илустрација Слободен печат / Методи Здравев

Жена од Скопско му дала на мајстор пари однапред и веќе не го видела ни него ни парите

Жена од село во Скопско вчера пријавила во полиција дека ја измамил мајстор кому однапред му платила околу 3.250 евра да заврши градежни работи, но тој исчезнал со парите, информираат од МВР.

„На 26.11.2025 во 11:40 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско пријави дека од страна на В.„Н“ била измамена за сума од 200.000 денари. Тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но откако ги зел парите, не ѝ одговарал на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.

ВИДЕО: Повторно е прегазен човек на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот