Одреден е притвор за мајката и ќерката осомничени за убиство на маж кај Пожаревац: Потрагата по синот се уште трае

Српска полиција/ Фото: Профимедиа

По барање на Обвинителството, Вишиот суд во Пожаревац и одреди 30-дневен притвор на мајката на Љ.Ј. (56) и ќерка на А.А. (31) за тешкото убиство на маж (56) кај Пожаревац, додека синот, кој е осомничен дека помагал во тешко убиство, се уште е во бегство, објави Телеграф.рс.

Србија денеска ја потресе инфомацијата дека денеска во околината на Пожаревац беше пронајдено тело на маж, а како што предходно објавуваа српските медиуми неговата поранешна сопруга Љ.Ј е осомничена дека пукала во него во семејниот дом, а потоа со помош на нејзините деца А.А. го исекле телото на починатиот и го фрлиле во шума на 60 километри оддалеченост од Влашки Дол каде живееле.

Имено, таа со пиштол го убила додека тој спиел, бидејќи неофицијално, ги избркал од куќата која му припаѓала на неговиот татко.

Љ.Ј ја признала вината, додека нејзината ќерка се бранела молчејќи.

Жителите на Влашки Дол не паметат дека вакво нешто се случило во нивното село, велат дека тоа е мало место каде сите се познаваат.

“Беа многу чудни, во последната година само се шетаа навечер. Тие беа многу чудно семејство. Тоа е неговата поранешна сопруга”, изјавил еден од мештаните за Телеграф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот