Илустрација / Фото: Pexels

Жена испила 14 текили на крузер и паднала по скали, добила отштета од 220.000 фунти

Жена која испила 14 текили за време на крстарење на крузерот „Карнивал“ и паднала по скалите во пијана состојба, па добила отштета во износ од 220.000 фунти (околу 253.000 евра).

По падот, во јануари 2024 година, таа доживеала потрес на мозокот, главоболки, повреди на грбот и модринки, и била пронајдена во несвест во кабината за екипажот, пишува „Скај њуз“.

Поротата во Мајами пресуди во корист на жената откако заклучила дека компанијата постапила небрежно.

Нејзиниот адвокат рече дека случајот ја истакнува вродената опасност од пакетите за пијалaци „сè вклучено“, кои поттикнуваат прекумерна потрошувачка и вршат притисок врз ниско платените келнери да дадат приоритет на бакшишот пред безбедноста.

Тој тврдеше за време на судењето дека шанкерите на крузерот требало да престанат да ја служат жената кога таа станала видливо пијана, а исто така тврдеше дека „Карнивал“ „намерно ги дизајнира своите бродови за да обезбеди дека има алкохолни станици во секој агол“ со цел да се максимизира профитот.

Компанијата „Карнивал круз лајн“ изрази дека не се согласува со пресудата и дека „нема докази дека жената се сопнала, спиела на барот, зборувала нејасно или покажувала какво било друго однесување слично на пијанство“.

Во посебен случај кој сè уште е во тек, свршеницата на маж кој починал на крузер на друга компанија поднесе тужба за смрт предизвикана од небрежност. Таа тврди дека компанијата небрежно му послужила 33 алкохолни пијалоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот