Ждрепка за СП: Србија во Катар ќе игра против исти селекции како пред четири години – Бразил и Швајцарија

Фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Вечерва во Доха, Катар се одржа ждрепката за одредување на групите за Светското првенство и најинтересно се очекува да биде во групата Г каде три репрезентации повторно ќе играат меѓу себе.

Во групата Г се наоѓаат селекциите на Бразил, Швајцарија и Србија кои беа во иста група и на претходното СП во Русија 2018 година. Четвртата селекција во групата е Камерун. На Мундијалот во Русија, пласман во осминафиналето обезбедија Бразил и Швајцарија, додека Србија заврши како трета во групата.

Германија која беше најнепосакуван противник од вториот шешир ќе биде дел од групата Е заедно со Шпанија, со Јапонија и со победникот од бараж мечот помежу Костарика – Нов Зеланд.

Актуелниот светски шампион Франција е носител во групата Д во која се уште и Данска, Тунис и победникот од бараж натпреварот Перу – Австралија/Обединети Арапски Емирати.
Селекцијата на Хрватска е во групата Ф заедно со Белгија, Мароко и Канада.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември и ќе се игра на осум стадиони.

Група А: Катар, Холандија, Сенегал, Еквадор
Група Б: Англија, САД, Иран, Европски бараж натп.
Група Ц: Аргентина, Мексико, Полска, Саудиска Арабија
Група Д: Франција, Данска, Тунис, Интерконтинентален бараж натп.1
Група Е: Шпанија, Германија, Јапонија, Интернконтинентален бараж натп.2
Група Ф: Белгија, Хрватска, Мароко, Канада
Група Г: Бразил, Швајцарија, Србија, Камерун
Група Х: Португалија, Уругвај, Јужна Кореја, Гана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот