Жбогар со 30 фотографии на Твитер ќе одбројува до завршувањето на својот мандат во Македонија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Евроамбасадорот Самуел Жбогар почна да го одбројува своето заминување од функцијата во нашата земја, најавувајќи на Твитер дека во следните 30 дена ќе објави серија фотографии кои го рефлектираат неговиот четиригодишен мандат.

– За 31 ден си заминувам. Возбуден сум што се враќам дома, но истовремено сум обземен од емоции за времето што го оставам зад себе. Со 30 фотографии ќе го одбројувам времето и ќе се навраќам на сеќавањата од изминатите четири години. 1/30, напиша Жбогар на Твитер.

Самуел Жбогар функцијата евроамбасадор во нашата земја ја извршува од 1 септември 2016 година, кога го замени дотогашниот шеф на Делегацијата на ЕУ Аиво Орав.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел во јуни годинава го номинираше Дејвид Гер за нов шеф на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, кој треба да дојде на местото на Жбогар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот