„Зенит интернешнл продуктс” со нова инвестиција ќе го зголеми бројот на вработени

Станува збор за компанија основана со странски капитал која има план да го прошири својот капацитет со изградба и отворање на нов погон.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска се сретна со тим на компанијата „Зенит интернешнл продуктс” со кој разговараше за нова инвестиција со која се планира зголемување на бројот на вработени во компанијата која сега брои дваесет.

Станува збор за компанија основана со странски капитал која има план да го прошири својот капацитет со изградба и отворање на нов погон.

Лукаревска им ги претстави условите и погодностите за инвестирање во земјава, а разговараше и за предизвиците на компанијата со кои се соочува во услови на корона кризата.

Тимот на компанијата посочи дека е корисник на мерката за финансиска поддршка за исплата на плати и изрази голема благодарност за навременоста и ажурноста на Управата за јавни приходи при спроведување на оваа мерка, велат од УЈП.

Оттаму истакнуваат дека УЈП продолжува со партнерскиот однос кон даночните обврзници, и секогаш е отворена за разговори, средби и сугестии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот