Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Русија

Земјотрес сеизмограм
Сеизмограм / Фото: EPA/ALANAH M. TORRALBA

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Иркутск во Русија, недалеку од Бајкалското Езеро, соопшти републичкиот штаб на Министерството за вонредни ситуации на таа земја, јави руската агенција ТАСС.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени.

Земјотресот се случил на 33 километри западно од селото Посолскоје.

Земјотресот бил почувствуван и во блискиот регион Бурјатија и главниот град на тој регион Улан-Уде.

Кабинетот на градоначалникот на Улан Уде извести дека мобилните тимови почнале да ги проверуваат зградите и станбените објекти, но дека засега нема извештаи за штети или повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот