Земјоделците задоволни од откупните цени во Струмичко

Откупната цена на „куртовска капија“ е 40 денари за килограм и има голема побарувачка, како од пазари на Балканот, така и од Европската Унија, велат откупувачите.

Во Струмичкиот регион почна бербата на пиперката „куртовска капија” засена под пластеници и веќе се извезени првите количини, информираат откупувачите.

-Откупната цена е 40 денари за килограм и има голема побарувачка, како од пазари на Балканот, така и од Европската Унија, вели Благој Витанов, откупувач од Струмица.

Според него, годинашнава сезона на раноградинарски култури и бостан поминува добро и за земјоделците и за трговците, со стабилни цени и без поголеми нарушувања на понудата и побарувачката.

Витанов додава дека добра цена има десертното грозје. Црното се плаќа 50 денари, а за белото 80 денари за килограм.

Ристо Велков од Сојуз на синдикат на земјоделски производители смета дека откупните цени и пласманот на производите, кои сега се нудат на пазарот, се добри и потенцира дека за разлика од лани лубениците имаат повисока откупна цена.

Според него, добрите откупни цени се должат на намаленото производство и засега само производителите на домати се соочуваат со мали проблеми во пласманот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот