Земјоделците од Свети Николе ги добија првите картички за зелена нафта

Овчеполските земјоделци денеска ги добија првите картички за мерката зелена нафта. Градоначалникот на Општина Свети Николе на доделувањето на картичките истакна дека ова е мерка, што првпат се случува и е на барање на самите земјоделци, а Овче Поле и понатаму останува најземојделскиот регион на истокот, бидејќи овде има над 4.500 индивидуални земјоделци.

– Само оваа година во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се регистрирани 98 млади земјоделци, што значи дека земјоделството ни е наша најосновна дејност во овој крај, од друга страна од вкупно 19.000 хектари обработлива површина под закуп се дадени 14.500 хектари. Затоа се надевам дека со оваа мерка на Владата ќе можеме на сите вас земјоделци да ви излеземе во пресрет, вели Велковски.

Прочитајте и...  Мицкоски: Мерките против корона кризата се укинаа по препорака на Комисијата за заразни болести водена од политичарот Караџовски

Лазар Поп Јанев, кој има овошни и лозови насади истакна дека мерката зелена нафта ќе му ги намали трошоците при обработката и производтво на овошје и грозје, но вели дека недостасува организиран откуп на земјоделските производи.

Светниколските земјоделци кои пријавиле субвенции за 2018 година картичките за зелена нафта ќе можат да ги подигнат секој работен ден во подрачната единица на МЗШВ во Свети Николе.

Прочитај повеќе

Пендаровски: Нова вонредна состојба од 14 дена

Слободен печат

ВО ЖИВО: Изјава на претседателот Стево Пендаровски

Слободен печат

Општина Гази Баба ги ослободи родителите од надомест за трошоци во градинка

Слободен печат

Објавени правилата од протоколот за запишување на првачињата (ФОТО)

Слободен печат

Почнува исплатата на парична помош за социјална и детска заштита

Слободен печат

Прва жртва на протестите во САД поради смртта на Џорџ Флојд

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Чулев: Управен суд ја поништи одлуката на Влада за 88 распоредувања во МВР

Слободен печат

Почна седницата на Советот за безбедност – Се одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Слободен печат

Ново инклузивно игралиште за деца со попреченост во Карпош

Слободен печат

Пронајден малолетник кој се водеше за исчезнат во Скопје

Слободен печат

Во Минеаполис воведен полициски час, твит на Трамп сокриен поради „глорификација на насилство

Слободен печат

Британски експерт нагласува дека се уште е рано за олеснување на мерките во земјата

Слободен печат