Зеленски нареди офанзива, а Сирски одби да ја спроведе
Британскиот воен аналитичар Александар Меркурис објави дека се случил сериозен конфликт меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски. Како што изјави на својот Јутјуб канал, од Киев доаѓаат извештаи дека Зеленски му наредил на военото раководство да започне офанзива на територијата на Донецката Народна Република, што Сирски одбил да го стори, јавува украинскиот блог „Милитари афеирс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според дадените информации, командантот ја оправдал својата одлука со недостатокот на работна сила и материјални ресурси потребни за спроведување на таква операција.
Меркурис оценил дека, доколку овие извештаи се точни, ова е „невиден пример за воена непослушност кон политичкото раководство“, што укажува на длабока криза во рамките на украинскиот воен систем. Тој нагласи дека овој инцидент е симптом на тешката ситуација во која се наоѓаат украинските сили во моментов на фронтот, како и на растечкото незадоволство меѓу командниот персонал поради исцрпеноста на војниците и загубите на линијата на контакт.
За потсетување, претходно беа објавени протечени извештаи дека единиците на украинската армија постојано биле принудени да извршуваат драстични наредби според внатрешни прирачници, што дополнително укажува на сè потешката ситуација во редовите на вооружените сили на Киев.


