Зеленски: На Украина ѝ недостигаат 800 милиони долари за оружје до крајот на годината
На Украина ѝ недостигаат околу 800 милиони долари за купување на американско оружје до крајот на оваа година, рече денеска претседателот на Украина Володимир Зеленски. Тој додаде дека на Украина следната година ќе ѝ бидат потребни 15 милијарди долари за програмата која вклучува купување на американско оружје со европски пари.
Препорачано
После разговорот во Лондон со челниците на Франција, Германија и Велика Британија, Зеленски рече дека Украина во вторник ќе ѝ го презентира на САД ревидираниот мировен план за крај на војната.
Пред новинарите изјави дека ревидираниот план содржи 20 точки но дека нема договор во врска со отстапување територии на што инсисира Москва.
-САД се фокусирани на наоѓање компромис. Постојат сложени прашања врзани за територија, ама компромис не е најден, рече тој.
Зеленски повтори дека Украина не може да отстапи од било кој дел од својата териотирја.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Велика Британија стои со Украина а ако дојде до прекин на огнот тогаш тој мора да е праведен и траен.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
39мин
-
44мин
-
49мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


