Зеленски во Јужна Африка/Фото: EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Зеленски ја прекина посетата на Јужна Африка поради новите руски напади во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на „Икс“ објави дека ја прекинува посетата на Јужна Африка и се враќа во Украина по руските напади врз Киев во кои загинаа најмалку девет лица.

-Откажувам дел од програмата на оваа посета и ќе се вратам во Украина веднаш по средбата со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза – рече Зеленски во соопштението.

Во исто време, тој ги осуди руските бомбардирања против Украина, кои предизвикаа смрт на најмалку 9 лица во Киев, повикувајќи ги „веднаш да престанат“.

-Веќе 44 дена Украина прифати целосен прекин на огнот и прекин на нападите. Веќе 44 дена Русија продолжува да ги убива нашите луѓе – се пожали тој на „Икс“, додавајќи дека „нападите мора веднаш и безусловно да престанат“.

Украинскиот претседател во средата слета во Јужна Африка, каде што требаше да се сретне со неговиот колега Рамафоса, како и со други политичари и претставници на граѓанското општество за напорите да се стави крај на војната во неговата земја.

-Клучно е да го приближиме праведниот мир – коментираше тој преку Икс пред неговото пристигнување во Јужна Африка.

Јужна Африка, која има добри односи со Русија, задржа неутрален став во војната што избувна во 2022 година.

-Посетата им нуди на Јужна Африка и Украина можност да разговараат за нивните билатерални односи и исто така ќе ги истражат областите на соработка со цел зајакнување на напорите за постигнување траен мир – се вели во соопштението од канцеларијата на Рамафоса.

Јужноафриканскиот претседател телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин во понеделникот и изјави на „Икс“ дека двајцата лидери ги потврдија „силните билатерални односи“ и нивната посветеност да работат на мирно решавање на војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот